Достапни линкови

Морси: дејствував во рамките на своите права


Египетскиот претседател Мухамед Морси им изјави на врховните судии дека дејствувал во рамките на своите права кога си ги зголемил овластувањата. На состанокот кој се одржа доцна синоќа, Морси истакна дека декретот според кој неговите одлуки не подлежат на жалба, нема да ја наруши работата на египетските судови.
Овој декрет предизвика протести на поддржувачите и на противниците на Морси, во кои загина најмалку едно лице, а стотици беа повредени.
Американскиот претседател Барак Обама повика на смирување на ситуацијата, барајќи од двете страни мирно решавање на спорот.
Муслиманското братство го откажа собирот за поддршка на Морси, кој беше закажан за денеска во обид да се намалат тензиите.
Морси изјави дека ќе го отповика неговиот декрет по донесувањето на нов устав и по парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG