Достапни линкови

Ексхумирано телото на Арафат


Телото на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат изутринава беше ексхумирано од меѓународни експерти за да се провери дали тој бил отруен. Експерти од Швајцарија, Франција, Русија и од палестинските територии учествуваа во ексхумацијата во мавзолејот на Арафат во Рамала. Телото повторно ќе биде погребано во текот на денов, со високи воени почести.
Во август годинава француските власти отворија истрага за убиство за смртта на Арафат во Париз во 2004 година, откако еден швајцарски институт соопшти дека е најдено високо ниво на радиоактивен полониум на облеката на Арафат.
Многумина Палестинци веруваат дека Израел стои зад смртта на Арафат, додека Израел го негира тоа.
XS
SM
MD
LG