Достапни линкови

logo-print

Индиректни разговори за примирјето меѓу Израел и Хамас


Во Каиро вчера почнаа индиректните разговори за спроведување на прекинот на огнот меѓу Израел и Исламистичкото движење Хамас. Разговорите се водени со учество на египетски посредници. Ова се први преговори откако со посредство на Египет во минатата недела беше објавено примирје, со кое беа завршени 8-дневните борби.
Израел за време на судирите изврши околу 1500 воздушни напади врз цели во Појасот Газа, додека милитанти на Хамас, кој ја контролира оваа територија, истрелаа приближно толку ракети кон Израел. Притоа загинаа околу 160 Палестинци, повеќето цивили, и 6 Израелци.
За време на разговорите се очекува Хамас да врши притисок за завршување на израелската блокада на Газа, а Израел бара прекинување на криумчарењето на оружје од милитантите низ подземни тунели.
XS
SM
MD
LG