Достапни линкови

Косово одбележува 100 години независна Албанија


Денеска во косовската општина Глоговац ќе биде пуштен во употреба патот кој се поврзува со автопатот од Приштина до границата со Албанија, во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија. Освен највисоките претставници на косовските власти, на манифестацијата ќе присуствува и албанскиот премиер Сали Бериша.
Јубилејот ќе биде прославен и со многу други манифестации, а под покровителство на премиерот Хашим Тачи, предвидено е и полагање цвеќе на гробиштата каде што е погребан првиот командант на ОВК Адем Јашари.
Прославата на годишнината продолжува во албанскиот град Валона, каде што пред 100 години е одржана седницата на претставници на албанскиот народ кои ја прогласија независноста на Албанија.
Утре во Тирана ќе биде одржана парада на припадниците на војската и на безбедносните сили на Албанија.
XS
SM
MD
LG