Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ: Средба со Николиќ би била бесмислена


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека по ослободителната пресуда на хрватските генерали во Хаг шансите на српската противтужба речиси се никакви и засега средбата со српскиот претседател Томислав Николиќ би била бесмислена.
Јосиповиќ истакна дека иако не се среќава со Николиќ ги чита „неговите необични изјави“ и повтори дека генералите Анте Готовина и Младен Маркач се воени херои.
Тој додаде дека е штета тоа што Николиќ со своите изјави заедно со уште неколку српски функционери по ослободувањето на хрватските генерали го спречуваат процесот на помирување и соработка.
XS
SM
MD
LG