Достапни линкови

Партиски престрелки: „Гостите славеа, а куќата празна“?


Заменик премиерот Муса Џафери зборува на централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Заменик премиерот Муса Џафери зборува на централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

За опозицијата, вчерашниот ден беше доказ за неодговорно и навредливо однесување на владината коалиција. Власта, пак, од друга страна, излезе со став дека реакцијата на опозицијата е неодговорна, затоа што по секоја цена сака да ја нападне ВМРО-ДПМНЕ, но во нивните соопштенија немаше ништо поврзано со прославата.

Вчерашната прослава на стогодишнината на албанското знаме и независност предизвика бурни реакци во македоскиот политички блок. За опозицијата, вчерашниот ден беше доказ за неодговорно и навредливо однесување на владината коалиција. Власта, пак, од друга страна, излезе со став дека реакцијата на опозицијата е неодговорна затоа што по секоја цена сака да ја нападне ВМРО-ДПМНЕ, но во нивното соопштение немаше ништо поврзано со прославата.
Суверенитетот и националното достоинство на Македонија, дополнително беше понижено, со фактот што во центарот на Скопје, во салата “Борис Трајковски“ гостите од соседните Албанија и Косово, премиерите Бериша и Тачи славеа, а претседателот Иванов и премиерот Груевски избегаа.

Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров изјави дека дека на прославата и претходеле провокации со поставување споменици, јарболи и огромни албански знамиња, без, како што рече, притоа на ниту едно место да биде ставено и државното знаме, како симбол на суверенитетот, со што се понижи македонското достоинство.

„Суверенитетот и националното достоинство на Република Македонија, дополнително беше понижено со фактот што во центарот на Скопје, во салата „Борис Трајковски“ гостите од соседните Албанија и Косово, премиерите Бериша и Тачи славеа, а претседателот Иванов и премиерот Груевски избегаа. Едниот се сокри во својата вила на Водно, а другиот избега во ненајавена посета на САД. Значи, гостите на големо славеа, а домаќините избегаа и ја оставија куќата празна!“

За нас е нејасно дали тој е истиот Андреј Жерновски, кој беше коалиционен партнер на СДСМ и Бранко Црвенковски и седеше во коалиционите клупи на СДСМ и не збореше ништо во периодот кога Агим Красничи го дрржеше под опсада и закана за напад цело Скопје.
Тој додаде дека ова не е прв случај државниот врв да ја отстапи македонската територија за прослава на некој сосед, како пример ја посочи прославата на 100 годишнината од Кумановската битка во Зебрњак.

„Ваквото однесување покажува дека наводниот патриотизам на Груевски се сведува само на лажно удирање во гради.За скандалот во Слупчане, премиерот Груевски побрза да истакне дека немало да дозволи да се понижува македонското достоинство, а сега никаде го нема.“

По овие тврдења, со писмена реакција се огласи и владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тие побараа од СДСМ да престане да ги напаѓа и да внесува кавги по секоја цена, особено кога се во прашање меѓуетничките односи, затоа што ако тие во нивно време одговорно управувале со државата, денеска состојбите ќе биле различни.

„Петров наместо да се расправа со нас треба да влезе во канцеларијата на својот партиски шеф Бранко Црвенковски и да почне да му зборува за законот за државјанство од 94-та година, да зборува за штетниот закон за територијална поделба од 2004-та, да зборува за Законот за знамиња од 2005 година, да зборува за преговорите со Красниќи, кој го држеше под опсада главниот град, да зборува за градењето на меморијалните центри на УЧК“ се наведува во реакцијата.

ЛДП, пак, ја обвини министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека мижи пред законите, а како пример за тоа посочи една фотографија на која полициско комбе било покриено со албанско знаме.

„ЛДП ја прашува Јанкулоска дали е ненадлежна и за знамето со кое беше покриено полициското возило кое вчера парадираше низ скопските улици. Дали и за ова треба некој да и пријави на Јанкулоска и од неа да побара “помош”?“, изјави претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Во реакцијата на владејачката партија по прес-конфренцијата на Жерновски е наведено дека очекуваат од него на еден од своите први јавни настапи по промоцијата за кандидат за градоначалник на Општина Центар, да каже што било, што направил во својот работен век за доброто на граѓаните на општина Центар.

„За нас е нејасно дали тој е истиот Андреј Жерновски, кој беше коалиционен партнер на СДСМ и Бранко Црвенковски и седеше во коалиционите клупи на СДСМ и не зборуваше ништо во периодот кога Агим Красниќи го држеше под опсада и закана за напад цело Скопје? Дали е истиот Жерновски кога збор не кажа во периодот кога спротивно од интересот на македонскиот народ, се донесе закон за територијална поделба која што СДСМ ја заговараше?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За вчерашниот настан се огласи и претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов кој покажа фотографија на која се гледа маж во маскирна униформа со пушка во рака како дел од прославата која се одвиваше во текот на вчерашниот ден и изјави дека тоа е јасна порака за да се знае кој е газда во куќата.

„По мое искуство, ова мене не ми личи на пластична пушка, ниту куршимите ми личат на пластични, но од друга страна, и ако навистина тие не се вистиски, пораката е јасна затоа што и кога разбојник ќе влезе во менувачница не е битно дали има вистински или пластичен пиштол.“

Во спортската сала „Борис Трајковски“ синоќа се одржа централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме. Пред присутните зборуваа лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери. На прославата во Скопје присуствуваат и премиерите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи. Слични манифестации наредните денови ќе се одржат во Косово и во Албанија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG