Достапни линкови

Македонци од Мала Преспа бараат лични карти и во Охрид


Охрид.
Охрид.

За да имаш здравствена книшка не е доволно да имаш само македонско државјанство, туку треба да имаш и лична карта, вели градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

По информациите дека Македонци од Мала Преспа во Албанија интензивно вадат лични карти со место на живеење во Ресен, во функција пред сè на претстојните локални избори, Македонци од селата во Мала Преспа и Пустец кои работат во Охрид за Радио Слободна Европа тврдат дека по наредба на македонските власти во Пустец, дел од Македонците вадат или размислуваат да вадат лични карти во Охрид.
Оваа година најмалку 50 души од Мала Преспа се преселени во Охрид и Преспа. Пред две недели, градоначалникот Едмонд Темелко има дадено наредба сите Македонци од Мала Преспа да земаат лична карта.
жител на Мала Преспа што работи во Охрид.

„Оваа година најмалку 50 души од Мала Преспа се преселени во Охрид и Преспа. Пред две недели, градоначалникот Едмонд Темелко има дадено наредба сите Македонци од Мала Преспа да земаат лична карта.“
Премиерот Никола Груевски ги посети Македонци кои живеат во Голо Брдо, Албанија на 15 октомври 2011.
Премиерот Никола Груевски ги посети Македонци кои живеат во Голо Брдо, Албанија на 15 октомври 2011.

РСЕ: Познавате ли многу луѓе кои веќе започнаа постапка за вадење лични карти?

„Има многу. Од Пустец се дојдени многу луѓе, земаат лични карти по партиска линија. Не знам што им е ветено, но најверојатно за гласање. Најмалку од Мала Преспа се земени околу 70 лични карти“, вели еден жител на Мала Преспа.

Други, пак, од жителите не сакаа да зборуваат ништо, иако по исклучувањето на микрофонот рекоа дека слушнале за такво нешто,
Некои гласаат некои не, тоа е нивно граѓанско право дали и за кого ќе гласаат. Треба и политичките партии во Македонија и македонската јавност да помогнат сите Македонци од Албанија да имаат македонско државјанство и лични карти, затоа што тоа е добро за сите.
Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец.

„Не знам, не сум слушнал за такво нешто.“

РСЕ: Имате ли вие лична карта?

„Не немам извадено.“

Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко за Радио Слободна Европа ги негира овие информации.

„Вистина е дека се интересирам за Македонците во Преспа и барам сите да имаат право на здравствени книшки, бидејќи за бесплатно лекување молиме по институциите. За да имаш здравствена книшка не е доволно да имаш само македонско државјанство, туку треба да имаш и лична карта. Јас навистина се ангажирам на каков било начин да помогнам на Македонците од Мала Преспа и пошироко. Тоа нема никаква врска со гласањето, ниту, пак, со некоја партија во Македонија“, рече Темелко.

Според него, има многу Македонци кои што лични карти имаат од пред 15 години.

„Некои гласаат некои не, тоа е нивно граѓанско право дали и за кого ќе гласаат. Треба и политичките партии во Македонија и македонската јавност да помогнат сите Македонци од Албанија да имаат македонско државјанство и лични карти, затоа што тоа е добро за сите“, додаде Темелко.

Охридскиот градоначалник Александар Петрески вели дека уште одамна знаел за вадењето на лични карти на Македонци од Мала Преспа во Охрид.

„Таа информација одамна е стигната до мене. Тоа не е добро за демократијата во Охрид. Мене сепак тоа посебно не ме загрижува и повеќето од тие што ќе ги донесат да гласаат ќе гласаат за мене“, рече Петрески.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски потврди дека жители на Мала Преспа поднеле барање за лични карти со место на живеење во Охрид, но оти тој број бил многу мал и изнесувал околу 10 барања во текот на целата година.
XS
SM
MD
LG