Достапни линкови

Николиќ:Хашката одлука препрека во односите со Хрватска


Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека процесот за помирување меѓу Србија и Хрватска има сериозни препреки по ослободувањето на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач од страна на Хашкиот трибунал.Тој истакна дека Белград треба да бара можности за соработка со Загреб во областа на економијата и другите сфери, но оти е очигледно дека е невозможна искрена соработка со „земја која се гордее со своите злосторници“.
XS
SM
MD
LG