Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да напаѓа по секоја цена


СДСМ треба конечно да прекине да внесува кавги и напади спрема ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена, особено кога се во прашање меѓуетничките односи во Македонија. Ова е наведено во писмената реакција на владеачката партија по обвунувањата на опозицијата дека премиерот и претседателот на Македонија се сокриле од албанските гости и дека прославата за албанското знаме е кулминација на лошото владеење на коалициските партнери.Во продолжение на реакцијата се вели дека генералниот секратер на СДСМ Андреј Петров наместо да се расправа со ВМРО-ДПМНЕ треба да влезе во канцеларијата на Бранко Црвенковски и да почне да му зборува за законот за државјанство од 94-та година, за законот за територијална поделба од 2004-та, за законот за знамиња од 2005 година и за како што е наведено, преговорите со Красничи, кој го држеше под опсада главниот град.
XS
SM
MD
LG