Достапни линкови

Ставревски: Проектот на Субарта Рој ќе отвори илјадници работни места


Проектот „Сахараја Македонија“ на индискиот милијардер Субрата Рој на Охридското Езеро ќе отвори илјадници работни места, ќе ја продолжи туристичката сезона преку целата година, ќе донесе десетици илјади туристи,и ќе придонесе за БДП, како и девизен прилив за локалното население. Ова го изјави вицепремиерот Зоран Ставрески на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во врска со проектот на индиската групација „Сахара Груп“ на Охридското Езеро. Тој истакна дека индиската компанија го доставила предлогот за проектот до
Владата минатата недела. Проектот за комплексот, кој ќе се протега на 240 хектари, предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода.
XS
SM
MD
LG