Достапни линкови

Морси се обидува да ги смири тензиите во Египет


Вчерашните судири на полицијата со демонстрантите

Вчерашните судири на полицијата со демонстрантите

Египетскиот претседател Мухамед Морси денеска се сретна со врховните судии во обид да ја реши кризата која настана по објавувањето на декретот за зголемување на овластувањата. Претставниците на Врховниот суд не ги одбија декретот, но соопштија дека неговата моќ треба да биде лимитирана на прашања за суверенитетот. Египетскиот министер за правда соопшти дека очекува Морси да се согласи со предлогот на судиите.
Поради Декретот, судиите прекинаа со работа, а опозицијата го обвини претседателот дека воведува диктатура. Во меѓувреме, демонстранти излегоа на улица обвинувајќи го Морси дека се однесува како диктатор. Тие најавија дека ќе протестираат додека тој не се откаже од Декретот. Морси вчера соопшти дека декретот со кој се става себе си над судска власт е од привремен карактер и дека целта е да за се забрзаат демокартските промени во земјата. Новинските агенции јавуваат дека при судирите за време на простестите едно лице загинало, а десетици се повредени.
XS
SM
MD
LG