Достапни линкови

Лутшенко посетен во затвор од преставници на ЕУ и САД


Американскиот амбасадот Џон Тефт и евроамбасадорот Јон Томбитски во Украина го посетија затворениот поранешен министер за внатрешни работи Јуриј Лутшенко во затворскиот работнички камп. Американскиот амбасадот по посетата изјави дека тој и неговиот европски колега ќе ги известат своите влади за здравствената состојба на Лутшенко. Тој додаде дека американската влада неколку пати истакнала оти случајот против лутшенко е пример за селективна правда и дека поранешниот министер треба да биде ослободен. Евроамбасадотот соопшти дека ЕУ ќе го мониторира судското сослушување на жалбата на Лутшенко. Тој е осуден на 4 годишна казна затвор поради злоупотреба на службена должност и за издавање наредба за незаконско прислушување на осомничени.
XS
SM
MD
LG