Достапни линкови

Иванов:Преговорите со ЕУ ќе помогнат во решавање на билатералните прашања


Почетокот на пристапните преговорите со ЕУ може само позитивно да влијае врз решавањето на билатералните прашања, истакнал македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешната средба со Ерато Козаку Маркулис, министер за надворешни работи на Кипар и актуелен претседавач со Унијата. Во сооптението од кабинетот е наведено дека Иванов на сребата потенцирал дека во изминатиов период земјава била сведок на позтивниот пример на паралелно движење во интеграциите и надминување на билатералните прашања, и дека очекува Македонија да добие идентична можност на претстојниот Европски совет.
На средбата со Козаку Маркулис, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, централни теми биле евроинтеграциите на Македонија, реформскиот процес и можностите за определување датум за почеток на пристапни преговори за членство во Европската унија на претстојниот Европски совет во декември.
XS
SM
MD
LG