Достапни линкови

Рен очекува денеска да се донесе договор за Грција


Еврокомесарот за економски прашања Оли Рен на денешниот состанок во Брисел изјави дека сака да ги охрабри сите земји членки на еврозоната и Меѓународниот монтарен фонд дека речиси е постигнат договор за следната финасиска транша за Грција. Тој истакна дека се на само неколку сантиметри оддалечени од постигнување договор. Но се уште останува да се види одлуката на ММФ за формулата за намалување на грчкиот долг.
Во Брисел по 4 ти пат во изминативе три недели се оддржуваат разговори меѓу претставниците на еврозоната и на кредиторите од таканеречената „ тројка“.
Рен очекува денеска дека на состанокот ќе се изнајде потребната политичка волја за да се постигне договор со кој Грција ќе ја добие следната транша во вредност од 31,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG