Достапни линкови

Медведев побара построги казни за спортските хулигани


Рускиот премиер Димитри Медведев повика да им биде доживотно забрането присуство на натпревари на најозогласените фудбалски хулигани. За време на состанокот со вицепремиерот, Медведев изјави дека казните за нив треба да бидат екстремно строги против тие што дошле да се однесуваат недолично наместо да го гледаат натправарот. Минатата недела натпреварот меѓу Динамо Москва и Зенит беше прекинат поради тоа што голманот на Динамо Москва беше повреден откако навивачи кон него фрлија петарди. Над 90 навивачи беа приведени по натпреварот но ниеден не беше обвинет. По натпреварот владата предложи да се спроведат санкции против навивачките хулигани. Русија треба да биде домаќин на Олимписките игри во 2014 година и на Светското фудбалско првенство во 2018 година.
XS
SM
MD
LG