Достапни линкови

Маркулис: Добрососедските односи се основа на евроинтеграцијата


Министерката за наворешни работи на Кипар Ерато Козаку – Маркулис и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски при нејзината посета во Скопје разговале за препораката на ЕК за почеток за пристапни преговори на Македонија во ЕУ. Во соопштението на МНР е наведено дека Маркулис ја реафирмирала заложбата на Кипарското претседателство за динамизирање на процесот на проширување и дека ја нагласила важноста на добрососедските односи како една од темелните вредности на европската интеграција.
Во соопштението е наведено дека Попоски на средбата ја повторил целосната подготвеност на Македонија да помине во следната фаза од пристапниот процес и за интензивирање на разговорите за името под покровителство на Обединетите нации и за доаѓање до решение кое ќе ги почитува меѓународното право, демократските принципи и човековите права.
XS
SM
MD
LG