Достапни линкови

Каталонија пред референдум за независност


Просепаратистичките партии во шпанска Каталонија победија на вчерашните регионални избори. Сепак, тие не добија сигурен мандат за референдум за независност, што, како резултат од тешките економски проблеми во Шпанија, и натаму се заканува со политичка неизвесност во таа земја.

Изборните резултати покажуваат дека Каталонската националистичка коалиција „Kонвергенција и единство“ има 50 пратеници во регионалниот парламент од 135 места. Во претходниот состав, оваа коалиција имаше 62 пратеника. Сепаратистичката левичарска Каталонска републиканска левица доби 20 места и сега овие две партии ќе мора да формираат коалиција за да останат на власт.
Ова е многу посебно време и она што ќе дојде од овие избори ќе ја означи разликата меѓу минатото и иднината. Мислам дека сите Каталонци многу се надеваат дека ќе имаат сопствена држава која ќе ја водат самите.

Претседателот на Каталонија Артур Мас вети дека доколку добие уште еден манадат ќе спроведе референдум за независност од Шпанија. Мас ги распиша предвремените избори поради спорот со централната влада околу финансиите.
Артур Мас

Артур Мас


Мадрид пак, го обвини Мас дека сака да ја искористи економската криза и оцени дека каталонските националисти само бараат изговор, бидејќи останале без пари.

Мас смета дека богатиот и влијателен регион на североистокот на Шпанија има нефер договор за финансирање со централната влада.
На никој не му јасно кои се позитивните и негативните страни на независноста. Како и да е, едно ми е јасно, дека ние би требало да имаме право сами да решаваме.

Каталонците кои се за незвисност сметаат дека премногу од нивните даноци одат за централната влада од која не добиваат за развој на инфраструктурата во регионот. Исто така тие сметаат дека со отцепувањето ќе ги зачуваат каталонскиот јазик.

„Ова е многу посебно време и она што ќе дојде од овие избори ќе ја означи разликата меѓу минатото и иднината. Мислам дека сите Каталонци многу се надеваат дека ќе имаат сопствена држава која ќе ја водат самите.“

„На никој не му јасно кои се позитивните и негативните страни на независноста. Како и да е, едно ми е јасно, дека ние би требало да имаме право сами да решаваме“, велат жители на Каталонија кои се залагаат за независност.

Партијата на Мас е на став дека на Каталонија, која е позната по трговија и туризам, ќе и биде многу подобро како на самостојна членка на Европската унија, отколку како на шпанска покраина.

Во изборната кампања на партијата на Мас доминираше европското знаме, а тој изрази уверување дека независна Каталонија многу бргу би станала членка на Унијата. Имено, евентуалното отцепување од Шпанија би значело исклучување на Каталонија од Европската унија, што би предизвикало и тешкотии во тргувањето со сегашните европски партнери.

Најновите анкети покажуваат дека над половина од Каталонците се за отцепување, но само 37 од нив го поддржуваат ако тоа би значело и исклучување од Унијата.

Евентуалниот референдум за независност, според шпанскиот Устав, не би бил легален, а владејачката Народна партија најверојатно ќе го блокира секој обид за уставна промена.

Другите партии во Каталонија, како Народната, Социјалистичката и Граѓанската, се противат на барањето за независност.

Иако е една од најмалите по површина, Каталонија би била седма во Европската унија според богатството по глава на жител. Каталонија има 7,5 милиони жители или 16 насто од населението на Шпанија.

Сеапаратизмот на Каталонија особено е поттикнат од тешката економска криза во Шпанија која предизвика рекордна невработеност во земјата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG