Достапни линкови

Шефицата на кипарската дипломатија во посета на Македонија


Министерката за надворешни работи на Кипар Ерато Козаку Маркулис

Министерката за надворешни работи на Кипар Ерато Козаку Маркулис

Министерката за надворешни работи на Кипар Ерато Козаку Маркулис денеска ќе престојува во посета на Македонија во својство на актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.
Посетата на кипарската министерка за надворешни работи на Скопје доаѓа во пресрет на декемврискиот Самит на ЕУ на кој треба да се одлучи дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство по четвртата по ред препорака од Европската комисија. За разлика од претходните три, ЕК годинава предложи паралелно водење на пристапните преговори и на разговорите за името, односно Македонија во декември да добие датум за почеток на преговорите, а името да се решава во нивната рана фаза.
Маркулис ќе се сретне со нејзиниот македонски колега Никола Попоски на чија покана се реализира посетата, како и со претседателот Ѓорѓе Иванов и со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.
XS
SM
MD
LG