Достапни линкови

logo-print

Одбележан Денот на албанското знаме во Македонија


Заменик премиерот Муса Џафери зборува на централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Заменик премиерот Муса Џафери зборува на централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во спортската сала „Борис Трајковски“ синоќа се одржа централната прослава по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме. Пред присутните зборуваа лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери. На прославата во Скопје присуствуваат и премиерите на Албанија и на Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи.

Претходно, во текот на денот беше организиран таканаречен „Марш на орлите“ на кој ученици, студенти и професори Албанци маршираа од паркот во Чаир до новиот Споменик на орелот кај Бит пазар. Маршот помина мирно и без инциденти, со песни за Голема Албанија и за Косово. Неколкуте стотици учесници носеа знамиња, маици и капи со симболот на албанското знаме. На маршот присуствуваа и градоначалникот Изет Меџити и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

Слични манифестации наредните денови ќе се одржат во Косово и во Албанија.
XS
SM
MD
LG