Достапни линкови

logo-print

Египетскиот претседател ќе ги смирува тензиите со Врховниот судски совет


Египетскиот претседател Мухамед Морси.

Египетскиот претседател Мухамед Морси.

Египетскиот претседател Мухамед Морси денеска треба да се сретне со членовите на Врховниот судски совет за смирување на тензиите што ги предизвика Декретот од минатата недела со кој тој забрани правно преиспитување на сите одлуки на претседателот сè додека не се избере нов парламент. Морси рече дека проширувањето на неговите овластувања е само привремено. Поради Декретот, судиите прекинаа со работа, а опозицијата го обвини претседателот дека воведува диктатура. Советот потврди дека ќе има средба со Морси и ги повика судиите да се вратат на работа. Во меѓувреме, Муслиманското братство потврди дека едно 15-годишно момче, нивен член, е убиен, во напад врз нивните канцеларии во градот Даманхур. Според извештаите, до насилствата во кои има десетици повредени дошло кога противниците на Морси ги нападнале канцелариите на Муслиманското братство, чии членови го поддржуваат Декретот. До пред да стане претседател на Египет, Мухамед Морси беше лидер на Муслиманското братство.
XS
SM
MD
LG