Достапни линкови

Сепаратистите победија на регионалните избори во Каталонија


Про-сепаратистичкиот гувернер на Каталонија Артур Мас.

Про-сепаратистичкиот гувернер на Каталонија Артур Мас.

Четири про-сепаратистички партии во шпанскиот регион Каталонија победија на регионалните избори. Сепак, првичните резултати покажуваат дека владејачката каталонска партија - Алијанса за конвергенција и унија, која се залага за независност, ја губи поддршката. Според првичните резултати, Алијансата освоила 50 од 135 места во регионалниот парламент, за разлика од досегашните 62. Тоа ги намалува шансите за референдум за независност. Про-сепаратистичкиот гувернер на Каталонија Артур Мас ја водеше кампањата со ветување дека ќе распише референдум ако добие нов мандат. Каталонците што ја поддржуваат идејата за независност велат дека голем дел од нивните даноци завршуваат во шпанската централна влада и дека локалната економија повеќе ќе напредува ако Каталонија се отцепи.
XS
SM
MD
LG