Достапни линкови

Драган Ѓилас е нов претседател на српската Демократска партија


Досегашниот и новиот лидер на Демократската партија, Борис Тадиќ и Драган Ѓилас.

Досегашниот и новиот лидер на Демократската партија, Борис Тадиќ и Драган Ѓилас.

Градоначалникот на Белград Драган Ѓилас е нов претседател на Демократската партија, одлучија повеќе од 3.000 делегати на синоќешниот партиски конгрес што се одржа во Белград. Зборувајќи на Конгресот, 45-годишниот Ѓилас се обврза дека ќе ја реформира партијата. Тој рече дека Демократската партија мора да признае дека има дел од одговорноста за проблемите на Србија, како што се високата стапка на невработеност, намалување на животниот стандард и корупцијата. Ѓилас го презема лидерското место во партијата од поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, кој се повлече откако изгуби на претседателските избори годинава. Тадиќ останува почесен претседател на партијата.
XS
SM
MD
LG