Достапни линкови

Ештон во посета на Грузија и на Централна Азија


Шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон.

Шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон ја почнува посетата на Грузија и на Централна Азија. Таа денеска треба да ја посети Грузија, утре е во Киргистан, во среда во Узбекистан, в четврток во Таџикистан и в петок во Казахстан. Таа за РСЕ изјави дека планира да ги повика сите грузиски партии да најдат заеднички јазик по парламентарните избори што се одржаа минатиот месец. Таа вели дека во Централна Азија планира да изрази поддршка на граѓанското општество и на економското придвижување на овие земји. Ова е прва голема турнеја на Ештон во Централна Азија како шеф за надворешна политика и безбедност на ЕУ. Хјуман рајтс воч ја повика Ештон да се сретне со централноазиски активисти за човекови права и јавно да повика на ослободување на неправедно затворените активисти.
XS
SM
MD
LG