Достапни линкови

Израел успешно тестирал нов противракетен систем


Израелскиот противракетен систем „Железната купола“.

Израелскиот противракетен систем „Железната купола“.

Израелската влада соопшти дека извела успешно тестирање на новиот противракетен систем „Прачката на Давид“ дизајниран да соборува проектили со среден домет. Израелските власти соопштија дека за време на конфликтот со Хамас во Појасот Газа изминатата недела, нивниот противракетен систем „Железната купола“ соборил 421 проектил испукан од Газа кон Израел. „Прачката на Давид“ треба да ја пополни празнината меѓу „Железната купола“, која е насочена кон проектили со краток домет и системот „Стрела“ кој е дизајниран за соборување ракети со долг домет, потенцијално од Сирија или од Иран.
XS
SM
MD
LG