Достапни линкови

logo-print

Австралија им се извини на малтретираните војници


Австралискиот министер за одбрана Стивен Смит.

Австралискиот министер за одбрана Стивен Смит.

Австралиската влада им се извини на воените лица кои биле сексуално злоупотребувани или на друг начин малтретирани за време на нивната служба во вооружените сили. Министерот за одбрана Стивен Смит, зборувајќи пред австралискиот парламент, рече дека „млади мажи и жени преживувале сексуална, физичка или ментална злоупотреба од нивните колеги, што е неприфатливо и не ги одразува вредностите за модерно, разнолико и толерантно австралиско општество“. Тој најави дека во иднина нема да има толеранција за ваквите случаи. Владата назначи пензиониран судија да ја води истрагата за наводната злоупотреба на повеќе од 1.000 лица од 1950 година досега.
XS
SM
MD
LG