Достапни линкови

Ќе има ли продолжување на Протоколот од Кјото?


Илустрација: Ветерници за производство на струја.

Илустрација: Ветерници за производство на струја.

Претставниците на повеќе од 200 земји денеска во главниот град на Катар, Доха, присуствуваат на отворањето на Конференција за мерките во борбата против глобалното затоплување. Конференцијата се одржува до 7 декември, а ќе се разговара за продолжување на Протоколот од Кјото за намалување на емисиите на штетни гасови кои придонесуваат за глобално затоплување. Важноста на договорот од Кјото истекува на крајот на годинава. Друга цел на Конференцијата е да се направи прогрес кон нов договор за намалување на испуштањето штетни гасови до 2020 година. Научниците велат дека зголемувањето на емисиите на стакленички гасови во атмосферата ја загрева планетата и придонесува за повеќе поплави, суши, топлотни бранови и зголемување на нивото на морињата.
XS
SM
MD
LG