Достапни линкови

На турскиот премиер не му се допаѓа серијата „Сулејман величествениот“


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше турската серија „Сулејман величествениот“, што се прикажува во повеќе земји, меѓу кои и Македонија, истакнувајќи дека тоа што таму е претставено не е вистинската слика за предците на денешна Турција.

„Ние такви предци немаме. Ние таков законодавец, таков султан Сулејман не сме запознале. Тој 30 години од својот живот помина на коњ, а не во дворецот, како што е прикажано во серијата“, рече Ердоган.

Тој истакна дека очекува правосудството да преземе мерки против режисерите на серијата, како и против сопствениците на телевизијата што ја емитува.
XS
SM
MD
LG