Достапни линкови

logo-print

Морси смирува „декретот е привремен“


Египетскиот претседател Мухамед Морси во писмено соопштение изјави дека е посветен на „ангажирање на сите политички сили“ за да се постигне заедничка основа на уставот и дека декретот со кој се прошируваат неговите овластувања е со привремен карактер.
Во неговото соопштение во продолжение е наведено дека декларацијата е донесена да може во целост да се повикаат на одговорност оние кои што се виновни за злосторствата и корупцијата во минатиот режим, и транзицискиот период.

Египетскиот берзански пазар забележа пад на акциите за 9 процети откако претседателот Мухамед Морси соопшти дека ќе си ги зголеми овластувањата и моќта по што следуваа и судири на демонстрантите и полицијата.
Претходно египетските судови повикаа на целосен прекин на работата на сите судови и обвинителска администрација со цел протестирање против одлуката на Морси која ја нарекоа безмилосен напад врз правдата. Со декретот власта забранува кој било суд да го распушти Собранието кое подготвува нов устав. Исто така се забранува и правно преиспитување на одлуките на претседателот и на новите закони.
XS
SM
MD
LG