Достапни линкови

Тачи и Бериша гости на празнувањето во Скопје


Неколку стотици ученици денеска со развиорени албански знамиња маршираа од паркот во Чаир до новиот Споменик на орелот кај скопски Бит-пазар. „Маршот на орлите“ се одржа по повод сто години од албанското знаме, а го организираа средношколците и нивните професори со поддршка од Општина Чаир.
На крајот од маршутата, младите ги пречекаа градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Тој ги осуди инцидентите со палење знамиња во неколку града во земјава, истакнувајќи дека целта била да се празнува 100-годишнината на албанската независност, а не да се предизвикуваат инциденти, кои не се добри за ниту една страна.
Од ДУИ најавија дека на вечерната прослава на 100 годишнината од независноста на Албанија и Денот на знамето ќе присуствуваат и премиерите на Албанија и Косово Сали Бериша и Хашим Тачи. ДУИ очекува на прославата да присуствуваат од 15.000 до 20.000 граѓани.
XS
SM
MD
LG