Достапни линкови

СДСМ:Нелогична законската измена за приватните пензиски фондови


СДСМ смета дека е нелогична последната законска измена со која приватните пензиски фондови може да имаат државни хартии од вредност издадени од Македонија на домашен пазар а да не можат да располагаа со истите во странство.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски изјави дека со ваквата интервенција
власта предизвикала конкретна финансиска штета за преку 300 илјади граѓани кои се во вториот пензиски столб.
Тој додаде дека законските измени со кои пензиските фондови биле обврзани предвреме да ги продадат еврообврзниците, имале за цел да ги пренасочат парите од продажбата за крпење на скинатиот буџет.
Јовановски истакна тоа не е оддржливо на долг рок и прашање на време е кога балонот ќе пукне, па поради таа причина има милионски долгови кон фирмите, затоа почнаа да доцнат платите на професорите во високото образование, затоа болниците имаат долгови, затоа им се должи на превозниците на учениците.
XS
SM
MD
LG