Достапни линкови

Универзитети затворени во Кабуил по масовна тепачка на студенти


Авганистан затвори три универзитети во Кабул поради судирите при кои загина еден студент, а речиси 30 се ранети. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека универзитетите ќе бидат затворени 10 дена како мерка за претпазливост додека да се смират страстите. Судирите ескалираа во саботата за време на одржувањето на религиозни ритуали за време на Шиитскиот муслимански празник кога сунитски студенти упаднале. При судирите на студентите кои се тепале со камења и стапови загинал еден студент, а 28 се повредени.
XS
SM
MD
LG