Достапни линкови

Рускиот НВО Сектор ги повика граѓаните да донираат пари


Рускиот хелсиншки комитет ги повика Русите да донираат пари за проектите на невладината организација во пресрет на законот со кој невладините организации кои добиваат помош од западите земји, треба да се регистрираат како странски шпиони во Русија. Неколку невладини организации се договорија да го бојкотираат спроведувањето на законот, но стравуваат дека со новата легислатива ќе бидат приморани да се откажат од странските пари.
XS
SM
MD
LG