Достапни линкови

Aлбанија ги осуди инцидентите


Албанското министерство за надворешни работи изрази жалење во врска со двата последни инциденти што завчера се случија во Тирана за време на посетата на македонскиот премиер Никола Груевски. Министерството се оградува и ги осудува инцидентите кои како што е наведено во соопштението не придонесуваат во климата на билатералните односи, ниту пак се во духот на големата прослава на 100 годишнината од независноста на Албанија.
Во продолжение е наведно дека МНР гарантира дека надлежните институции преземаат мерки за разветлување на случајот санкционирање на сторителите.
Завчера попладне автомобилот на премиерот Груевски беше погоден со јајце и
пластична чаша, а во текот на ноќта беа запалени повеќе македонски знамиња,
поставени на јарболи поради посетата на премиерот Никола Груевски на
Тирана.
XS
SM
MD
LG