Достапни линкови

Пад на акциите поради декретот на Морси


Египетскиот берзански пазар забележа пад на акциите за 9 процети откако претседателот Мухамед Морси соопшти дека ќе си ги зголеми овластувањата и моќта по што следуваа и судири на демонстрантите и полицијата.
Претходно египетските судови повикаа на целосен прекин на работата на сите судови и обвинителска администрација со цел протестирање против одлуката на Морси која ја нарекоа безмилосен напад врз правдата. Со декретот Власта забранува кој било суд да го распушти Собранието кое подготвува нов устав. Исто така се забранува и правно преиспитување на одлуките на претседателот и на новите закони.
XS
SM
MD
LG