Достапни линкови

logo-print

„Марш на Орлите“ во Скопје


Илјадници граѓани Албанци денеска ќе излезат на скопските улици на таканаречениот „Марш на орлите“, кој се оддржува по повод стогодишнината од Денот на албанското знаме. Маршот е организиран од средношколците и професорите Албанци, а е поддржан и од општината Чаир. Учесниците на маршот ќе бидат облечени во боите на албанското знаме, во црвено – црно. Марширањето ќе заврши пред трговскиот центар Мавровка.
Во текот на изминативе неколку дена евидентирани се неколку инциденти при што беа запалени албански и македонски знамиња. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека секоја демонстрација и акт на насилство заслужува најостра осуда, а потоа и соодветна санкција согласно законот
XS
SM
MD
LG