Достапни линкови

Протести против зголемената моќ на Морси


Протестите во Египет против претседателот Мохамед Морси продолжуваат. Стотици граѓани синоќа излегоа на протести пред зградата на Врховниот суд во Каиро каде што безбедносните сили фрлиле созавец со цел да ги растурат протестите. Демонстрантите протестираат поради претседателскиот декрет со кој Морси си ги зголеми ингеренциите и моќта. Претходно египетските судови повикаа на целосен прекин на работата на сите судови и обвинителска администрација со цел протестирање против одлуката на Морси.
XS
SM
MD
LG