Достапни линкови

Ќе се изработува студија за демографска политика


Владина седница

Владина седница

Владата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка чија цел е изработка на студија и акционен план за демографска политика. Со потпишувањето на документот ќе се реализира подготвеноста за соработка и взаемна помош со ангажирање на експерти од Универзитетот во областа на социјалната политика, образованието, економијата, демографијата и географијата со цел научно и стручно да се утврдат состојбите во овие области и да се изготви студија и акциски план за демографска политика во
државата.
XS
SM
MD
LG