Достапни линкови

ЕТА сака преговори со Шпанија и Франција


Баскиската сепаратистичка група ЕТА соопшти денеска дека е подготвена за разговори со шпанската и француската влада со цел прикин на воените дејствија.
Во баскискиот весник „Наиз “ е објавено соопштение на ЕТА во кое е наведено дека групата бара враќање на затворениците на ЕТА во баскискиот регион. Сепаратистичкта група веќе 4 децении води кампања за независност на баксискиот регион. Пред една година соопшти дека ќе стави крај на воените активности. До сега над 800 луѓе се убиени во инциденти поврзани со насилството на ЕТА активистите.
XS
SM
MD
LG