Достапни линкови

Најмалку 112 работници загинаа при пожар во Бангладеш


Најмалку 112 луѓе загинаа при пожар во фабрика за текстил во близина на главниот град на Бангладеш, Дака. Локалните власти соопштија дека пожарот избил синоќа и брзо ја зафатил целата зграда каде што останале заробени стотина работници. Според информациите на новинските агенции, спасени биле само оние работници кои успеале да стигнат на покривот на зграда, додека останатите не можеле да ја напуштат зградата затоа што немало излез за во случај на опасност. Причините за пожарот се уште се непознати .
Во Бангладеш има околу 4 илјади фабрики за текстил кои произведуваат светски позната бренд облека од што државата годишно заработува околу 20 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG