Достапни линкови

logo-print

Тешко до синдикално организирање во приватниот сектор


Илустрација.

Илустрација.

Во Регионалниот синдикат во Куманово велат дека најнезаштитени и синдикално се неорганизирани работниците во чевларските, но и во текстилните претпријатија.

Синдикалното организирање на вработените во приватните фирми во Куманово не е многу популарно. И покрај тоа што некои од малите стопанственици декларативно прифаќаат нивните работници да бидат членови во синдикалната организација, сепак кога треба да ги остварат загрозените права, работниците од страв да не го загубат работното место не бараат помош од синдикатот.
Како регионална канцеларија во Куманово посетивме една од фирмите, разговаравме со вработените и со сопственикот, има расположение за зачленување. Навистина тешко оди зачленувањето на работниците во приватниот сектор. Од една страна, работодавачите, голем број од нив, нè гледаат како непријатели, како фактор кој влијае на нивното финансиско загрозување. Сепак, ние разговараме за елементарните права на вработените.

Во Регионалниот синдикат во Куманово велат дека најнезаштитени и синдикално се неорганизирани работниците во чевларските, но и во текстилните претпријатија, поради што и најавено зачленување на стотина нови работници во оваа организација од една текстилна фабрика би било успех, вели Миле Спасовски.
Миле Спасовски, Регионален синдикат од Куманово.

Миле Спасовски, Регионален синдикат од Куманово.


„Како регионална канцеларија во Куманово посетивме една од фирмите, разговаравме со вработените и со сопственикот, има расположение за зачленување. Навистина тешко оди зачленувањето на работниците во приватниот сектор. Од една страна, работодавачите, голем број од нив, нè гледаат како непријатели, како фактор кој влијае на нивното финансиско загрозување. Сепак, ние разговараме за елементарните права на вработените.“

Вината е и кај самите вработени кои сметаат дека доколку се зачленат во синдикатот, сопственикот ќе ги избрка од работа.

„И тоа е еден голем проблем кој мора да се реши бидејќи само организирани работниците ќе можат да ги остварат своите права.“

Јавна тајна е за фиктивната исплата на платата на работниците, колку синдикатот тука може нешто да смени, Спасовски вели:

„Уште кога се донесе законот за минимална плата со трудова инспекција посетивме неколку фирми во Куманово и немаше прекршувања. Можеби има злоупотреби, треба некои механизми да се применат, но тука државата преку инспекциските органи треба да делува.“

Во Куманово, некогашен индустриски град кога и синдикалното организирање на вработените било масовно, сега има само околу три илјади членови.

РСЕ: Дали таа бројка е компатибилна со бројот на вработените?

„Не е, секако дека не е, особено во приватниот сектор. Се надеваме дека работниците ќе се свестат дека само Сојузот на синдикатите на Македонија може да им помогне во остварување на нивните права“, вели Спасовски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG