Достапни линкови

Тутунарите задоволни од проценката на тутунот


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Тутунскиот Комбинат од Прилеп го почна раниот откуп на тутунот. Тутунарите се задоволни до проценката на квалитетот на тутунот.

Прилепчанецот Рамадан Фејзулоски е еден од бројните кооперанти, кои деновиве го предадоа родот во Тутунски Комбинат со почетокот на предвремениот откуп што започна во оваа најголема откупна компанија во регионот. Тој вели дека е максимално задоволен од проценката на родот и не само тоа, особено е задоволен што освен овие пари, ќе добие премија од 60 денари за секој предаден килограм тутун.
Имам уште назад тутун, очекавам уште подобро да поминеме и задоволни сме, имам прва, втора класа, е сега со другиот тутун, па очекуваме добро да биде, така се изјавува. Просек да биди, како да кажам сега, ќе помине 200, 220 денари кило, нема што да се плачеме и плус субвенции имаме, очекуваме и тоа ќе биде добро исплатено.
Рамадан Фејзулоски, тутунар,

„Имам уште назад тутун, очекавам уште подобро да поминеме и задоволни сме, имам прва, втора класа, е сега со другиот тутун, па очекуваме добро да биде, така се изјавува. Просек да биди, како да кажам сега, ќе помине 200, 220 денари кило, нема што да се плачеме и плус субвенции имаме, очекуваме и тоа ќе биде добро исплатено.“

Но, Миле Ангелески не е задоволен од откупните цени. Вели дека не одговараат на скапотијата, дека треба да се зголемат, зашто големи се и трошоците при производство на реколтата, која е тешка околу 500 килограми.
Од проценката на класите релативно сум задоволен, само единствено што можам да кажам е дека е ниска цената на класите, тутунот ми помина на кец и двојка, горните берби, долните берби ми беа однесени во картони и тие ми поминаа претежно на двојка, а овој фазла од полу е на кец, 500 кила.
Миле Ангелески, тутунар,

„Од проценката на класите релативно сум задоволен, само единствено што можам да кажам е дека е ниска цената на класите, тутунот ми помина на кец и двојка, горните берби, долните берби ми беа однесени во картони и тие ми поминаа претежно на двојка, а овој фазла од полу е на кец, 500 кила“, вели Ангелески, исто така долгогодишен тутунар и кооперант на Тутунскиот Комбинат.

Оваа компанија годинава, според планот, ќе откупи околу 3.000 тони. Според менаџерскиот тим, обезбеден е купувач на реколтата, па по обработката, ќе биде веднаш продаден, парите се обезбедени, исплатата ќе се реализира за 10-ина дена од денот на предавањето.

„Фактички започна откупот на реколтата од 2012 година, со самото земање на мострите имаме право да отвориме и откупни пунктови. Годинава имаме 20 пунктови, тутунот ќе се бара и се бара, посебно за ориенталскиот. Имаме договорено со одредени купци, откупената количина, ќе биде сета реализирана. Со плаќањето ќе биде како и секоја година, од 7 до 10 дена ќе го исплатиме“, вели, Александар Спиркоски, директор на Дооел „Тутун“.

Од Сојузот на тутунски здруженија сметаат дека овој предвремен откуп многу им помага на тутунарите, зашто бргу стигнуваат до парите, успеваат да го наплатат трудот. Од друга страна, ги скратуваат трошоците за негова манипулација во зимските денови, а ги избегнуваат и проблемите околу сместувањето. Велат радува и фактот, што ориенталскиот тутун, карактеристичен за пелагонискиот регион, може да се произведува и натаму без проблеми.

„Она што го проповедаше Светската здравствена организација за ориенталниот тип тутун, дека треба да се поништи или да се редуцира во одредени земји, не постои таков ризик, од страна на нашите влади и нашите петиции што беа испратени, до 2014 година СЗО, алтернатива за тутунското растение не може да најде“, изјави Данчо Милески, претседател на Сојузот.

Инаку редовниот откуп на тутунот од годинешната реколта започнува на 15-ти декември.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG