Достапни линкови

Ахмети - Со знамињата славиме, а не провоцираме


Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Прославата на стогодишнината од албанското знаме и основањето на албанската држава не е провокација, а знамињата кои се национален симбол на Албанците, а не знаме на странска држава, се само составен дел од таа прослава, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за телевизија 24 Вести.

„Ова не се први за да се закануваме или да се докажуваме. За ниту еден друг народ нема негативен ефект. Ние не се закануваме. Овие активности не го загрозуваат територијалниот интегритет на оваа наша заедничка држава. Јас сакам да бидам многу отворен со моите сограѓани Македонци. Али Ахмети нема две лица – претладне да зборува едно со Албанците и да биде патриот, попладне да зборува друго со Македонците и да се претставува како умерен“, изјави Ахмети за 24 Вести.

Според него ДУИ е единствената партија во албанскиот блок која и со конкретни дела покажала дека е за соживот и заедништво.

„Најдете ми друга политичка партија. Сите се повикуваат на патриотизам, сите се повикуваат на државата и ги сакаат платите и бенефициите од државата, но државното знаме ниту една партија на Албанците не го користи. Јас тоа го правам. И го правам со најголема одговорност, со почит кон државата, почит кон заедницата“, истакнува Ахмети во интервјуто.
XS
SM
MD
LG