Достапни линкови

logo-print

Египетски судии обвинуваат дека Морси врши „атак врз судството“


Египетскиот претседател Мухамед Морси.

Египетскиот претседател Мухамед Морси.

Египетскиот врховен судски совет го обвини претседателот Мухамед Морси за „невиден атак врз независноста на судството“. Реакцијата следува по Декретот на Морси од четвртокот со кој тој си ги проширува овластувањата. Судиите во вториот по големина град во Египет, Александрија, најавија штрајк против Декретот на Морси. Власта забранува кој било суд да го распушти Собранието кое подготвува нов устав. Исто така се забранува и правно преиспитување на одлуките на претседателот и на новите закони. Десетици илјади луѓе ширум Египет протестираа против декретот. Тие го обвинуваат Морси дека ги презел сите диктаторски овластувања и дека ја изневерил минатогодишната револуција. Морси и неговите поддржувачи велат дека се трудат да спречат поткопување на револуцијата од поддржувачите на поранешниот претседател Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG