Достапни линкови

logo-print

Несреќа во рудник за јаглен во Кина, 18 загинати


Илустрација: Рудник за јаглен во Кина.

Илустрација: Рудник за јаглен во Кина.

18 работници загинаа, а петмина се сè уште затрупани, во експлозија во рудник за јаглен во југозападна Кина. Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека во моментот на експлозијата во државниот рудник Ксиангшуи во провинцијата Гуижу имало 28 работници. Петмина од нив биле спасени.

Кина е најголем потрошувач на јаглен во светот. Околу 70 отсто од потребната енергија ја обезбедува од ова фосилно гориво.

Несреќите во рудниците за јаглен во Кина се чести поради тоа што безбедноста често се занемарува во трката по брз профит. Подигнувањето на безбедноста во рудниците во последните неколку години го намали бројот на несреќи и смртни случаи, но регулативите често се игнорираат. Официјалните податоци покажуваат дека минатата година во Кина во несреќи во рудници за јаглен загинале скоро 2.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG