Достапни линкови

logo-print

Запалени албански знамиња на автопатот Тетово-Гостивар


Непознат сторител ноќеска запалил три знамиња на Албанија, поставени на надвозникот за селото Горно Седларце на автопатот Тетово-Гостивар. Знамињата биле поставени од жители на селото, информира МВР.

Ноќеска исто така било симнато големото албанско знаме поставено на Домот на културата во Тетово. Според МВР, двајцата полицајци кои го обезбедувале Домот на културата, забележале непознат човек како излегува од објектот. При обид да го приведат, човекот со нож му нанел расекотина на прстот на еден од полицајците и избегал. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот, вели полицијата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека секоја демонстрација и акт на насилство заслужува најостра осуда, а потоа и соодветна санкција согласно законот. Таа одговараше на новинарско прашање во врска со вчерашните инциденти во Сарај и Чаир кога беа искинати црковно и државно знаме на Македонија.

Јанкулоска апелира граѓаните да не потпаѓаат на какви било провокации иако, како што рече, некој можеби со право се чувствува испоровоциран, и да се воздржат од секакви акти на насилство зашто еден инцидент, води кон друг, а тоа нема да ги смири тензиите, туку може да ги наруши довербата и атмосферата на соживот.
XS
SM
MD
LG