Достапни линкови

Комитетот против тортура на ОН со остри критики за Русија


Илустрација.

Илустрација.

Комитетот против тортура на ОН излезе со остри критики за Русија, затоа што не успеала да преземе ефикасни мерки против бројните пријави за тортура и други злоупотреби. Извештајот за усогласеноста на Русија со Договорот против тортура и други понижувачки казни од 1987 година, го покажува неуспехот на Руските власти да ги истражат и процесуираат случаите на „бројни и постојани извештаи за заплашување, притисоци и закани кон новинарите и бранителите на човекови права“.
XS
SM
MD
LG