Достапни линкови

Ексхумација на Арафат во вторник


Поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.

Поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.

Ќе биде ексхумирано телото на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат за странските експерти да земат примероци, како дел од истрагата за неговата смрт. Палестинскиот претставник Тафик Тирави изјави дека гробот на Арафат ќе биде отворен во вторник на 27 ноември и швајцарски, француски и руски експерти за ќе земат примероци. Арафат ќе биде повторно погребан неколку часа подоцна.

Јасер Арафат почина во ноември 2004 година, еден месец откако ненадејно се разболе. Палестинските власти тврдат дека тој бил отруен од Израел, но Тел Авив ги отфрла таквите тврдења. Откривањето траги од смртоносни радиоактивни супстанци на облеката на Арафат предизвика нова истрага за неговата смрт.
XS
SM
MD
LG