Достапни линкови

Нигерија нуди 1,8 милиони долари за апсење на водачите на Боко Харам


Најмалку шест луѓе загинаа во напад врз полициска станица во градот Кано во северна Нигерија извршен од Боко Харам на 20 јануари 2012.

Најмалку шест луѓе загинаа во напад врз полициска станица во градот Кано во северна Нигерија извршен од Боко Харам на 20 јануари 2012.

Нигериската армија нуди награда од 1,8 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на челниците на радикалната исламистичка секта Боко Харам, која е одговорна за смртта на неколку стотини луѓе годинава. Наградата важи за информации за апсење на лидерот на Боко Харам Абубакар Шекау и 18 водачи на организацијата. Наградата за секој од членовите поединечно се движи од 60 до 300 илјади долари. Според Асошиејтед прес, Боко Харам е одговорна за смртта на повеќе од 760 луѓе годинава, при напади на џамии, цркви, училишта и владини згради. Западните влади се загрижени поради врските меѓу Боко Харам со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG