Достапни линкови

Иран ги обвини САД за нарушување на воздушниот простор


Првиот разурнувач од иранско производство Џамаран плови во Персискиот Залив.

Првиот разурнувач од иранско производство Џамаран плови во Персискиот Залив.

Иран ја обвини американската морнарица за „незаконски и провокативни акти“ во Персискиот Залив и во Оманското Море. Иранскиот амбасадор во ОН Мохамад Хазаи вчера рече дека американската морнарица постојано го нарушува воздушниот простор на неговата земја. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и до Советот за безбедност, тој ги повикува ОН да го предупредат Вашингтон „против продолжување на актите за кршење на меѓународното право“. Иран предупредува дека ќе има „несакани последици“ за секоја провокација. Белата куќа се уште не се огласила со реакција.
XS
SM
MD
LG