Достапни линкови

Руски научник осуден за шпионажа излезе од затвор


Рускиот научник Валентин Данилов.

Рускиот научник Валентин Данилов.

Рускиот научник Валентин Данилов денеска излезе од затвор, откако отслужи осум од досудените 14 години поради шпионажа во корист на Кина. По неговото условно ослободување во сибирскиот град Краснојарск, 66-годишниот Данилов рече дека се смета за политички затвореник затоа што информациите што им ги дал на Кинезите биле декласифицирани.

Тој беше осуден за време на првиот мандат на претседателот Владимир Путин. Активистите за човекови права во случајот на Данилов гледаат пример за тоа како Кремљ го користи судството против опонентите.

Данилов работел како истражувач во Државниот универзитет во Краснојарск. Тој призна дека ѝ продал информации за сателитска технологија на кинеска компанија, но рече дека истите информации веќе биле достапни од јавни извори.
XS
SM
MD
LG